Дизајнерката Емилија Дамјановиќ која креира под името Еми Норис по третпат својот накит го изложи на Интернационаното биенале за накит во Пекинг, Кина, настан кој се одржува од 18 до 16 ноември. На изложбата на биеналето се претатвени повеќе од 1.600 парчиња накит на преку 300 креативци од 45 држави во светот, во оваа голема селекција влезе едно парче ѓердан од плексиглас на авторката Еми Норис.
Темата на биеналето е Union&Consurrence, a целта на манифестацијата е да се промовираат различните уметнички креации, да се истражуваат новите концепти на полето на меѓународната уметност за накит, како и модните и развојните трендови во бизнисот со накит. Со концептуалните иновации и академското водство, се создава интерактивна платформа и простор за различни уметнички креативни идеи и мисли.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари