Празничното, предновогодишно расположение во скопскиот трговскиот центар „Сити мол“ во четврток ќе биде збогатено со 16. уникатни елки. Тие ќе бидат дизајнирани и декорирани од познати модни креатори, стилисти и модни уредници.
Својата креативност пред присутните минувачи ќе ја покажат: Олгица Ѓоргиева, Јована Филиповиќ, Елена Лука, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, Mikka design на Катерина Микрут, Le brand, Ирина Тошева, тимот на Stylefiles.mk, EVEE на Ивана Цветковска, Стефанија Насеска, Милена Танаскоска моден новинар во списанието Unique, Небојша Толески од „Теа Модерна“ и тимот на Моден викенд Скопје. Меѓу учесниците ќе биде и тимот на Stylist.mk.
Посетителите ќе можат да го проследат севкупниот процес на декорирање на уникатни новогодишни елки од 18 часот, а креаторите на приземјето во трговскиот центар „Скопје Сити мол“ од 18 до 20 часот ќе имаат и претставување на својот проект пред најмладата публика со корисни совети како сами да направат една поинаква новогодишна елка.
„Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе можете да погледне во текот на цел декември во ТЦ „Скопје Сити Мол“.
Фотографиите се од минатогодишното издание на настанот, што се одржа во ТЦ „Соравија“.
Нема коментари