Фасадата на главниот бутик на модната куќа „Шанел“ во Амстердам доби нов изглед, а традиционалните црвени цигли се заменети со стаклени. Авторите на проектот доаѓаат од познатото холандско архитектонско студио MVRDV, кои го смислија концептот на транспарентна реплика на стариот изглед и фасадата ја покрија со стаклени цигли и рамки за прозорци кои се споени со специјален проѕирен лепак. Во проектот е применета сосема нова технологија на користење на стакло. Од студиото велат дека ова е прва ваква констукција и дека стаклената фасада е појака од бетон. Архитектите од MVRDV веруваат дека ова е решение за задржување на локалниот карактер и оригиналните фасади на некои градби во градските центри низ целиот свет, особено онаму каде што огромните стаклени излози на бутициите не го следат изгледот на околните стари градби.
-Кристалните куќи оставаат простор за извонреден изглед на продавницата, ја почитуваат структурата на околината и доведуваат поетски иновации во стаклената кострукција. Овозможуваат глобалните брендови огромната желба за транспарентност да ја комбинираат со локалните бои, модерноста со наследството. Оваа техника може да се примени во разни градови кои имаат историски зданија во центарот – смета Вили Мас, еден од основачите на студиотот MVRDV.
Кристалната куќа на „Шанел“ се наоѓа на PC Hooftstraat, поранешна станбена улица во близина на паркот Вондел во Амстердам, најлуксузната шопинг улица во градот, центар на светските луксузни брендови како „Диор“, „Прада“ и „Ролекс“.
Нема коментари