• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Кристи Пуjу и Дамјан Козоле со македонските коопродукции гости на „Синедејс“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 9, 2016

sieranevada

На годинешниот филмски фестивал на европскиот филм „Синедејс” ќе гостуваат два исклучителни филма во кои како копродуцент се јавува продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски”. Едни од најреномираните претставници на романското и на словенечкото кино, Кристи Пују и Дамјан Козоле, ќе бидат гости на фестивалот и пред македонската публика лично ќе ги претстават своите најнови филмови. Пују од Букурешт во Скопје ќе пристигне на 11 ноември, а од Љубљана на 12 ноември ќе допатува Козоле.

Кристи Пују е првпат во Македонија и ќе го претставува својот последен филм „Сиера Невада”, копродукција меѓу Романија, Франција, БиХ, Хрватска и Македонија. Филмот беше прикажан на Канскиот филмски фестивал каде доби ласкави критики во најважните светски медиуми. Неодамна, на 52. Филмски фестивал во Чикаго, филмот ја доби главната награда за најдобар филм „Златен Хуго”, како и „Сребрен Хуго” за режија. Филмот, во многу силна конкуренција е избран за романски кандидат за Оскар за 2016 година. Од креативниот придонес во оваа копродукција да го истакнеме учеството на нашиот млад режисер Иво Бару како асистент на режија на овој филм, како и Мојца Горогранц Петрушевска – раководител на одделот шминка, и во одделот на звук работеше Атанас Георгиевски – Фаца.

Проекцијата на „Сиера Невада” е закажана на 11 ноември од 20 часот во кино „Милениум”.

1-siera-photo-1
„Сиера Невада” е филм кој ги разоткрива предизвиците на современото романско општество да се приклучи на глобалните текови сè уште влечкајќи ги оковите на минатото. Три дена по терористичкиот напад на канцелариите на парискиот неделник „Шарли Ебдо” и четириесет дена по смртта на татко му, Лари, доктор во четириесеттите години се подготвува да ја мине саботата на семејниот собир во чест на починатиот. Но настанот не се одвива според очекувањата. Принуден да се соочи со сопствените стравови и со минатото, и да ја преиспита сопствената улога во семејството, Лари не знае дали да ја каже неговата верзија на вистината.

Кристи Пују е роден во Букурешт во 1967 година. Како режисер и сценарист има потпишано неколку филмови, меѓу кои и „Смртта на г-дин Лазареску” (2005), за кој доби 47 фестивалски награди, како и наградата „Посебен поглед” на Канскиот филмски фестивал. Оженет е со филмската продуцентка Анка Пују и имаат три деца.

1-2

Дамјан Козоле доаѓа за македонската премиера на својот најнов филм „Ноќен живот”, копродукција меѓу Словенија, БиХ и Македонија. Филмот беше прикажан во главната програма на престижниот фестивал во Карлови Вари каде го освои Кристалниот глобус за режија и симпатиите на критиката и публиката. Во филмот учествува голема македонска екипа, пред сè актерот Петар Арсовски, потоа Иво Трајков како монтажер, Мојца Горогранц Петрушевска – шминка,користена е и музика од Сашко Костов, сцецијалните ефекти во 3XFX студиото, асистент на камера е Маријан Боцевски, асистент на сценографијата е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус од Игор Поповски.„Ноќен живот” ќе биде прикажан на 12 ноември од 21 часот во киното „Фросина”.

nightlife
Во „Ноќен живот”, преку една бизарна случка напукнува фасадата на уредно нормираниот живот и се соочуваме со затскриената страна на длабоки интимни превирања. Високопрофилиран адвокат е пронајден на тротоарот крај една одглавните улици во Љубљана. Едвај свесен, лежи во баричка крв, целиот искасан од кучиња. Докторите во медицинскиот центар се борат да го одржат во живот, додека неговата сопруга е во шок, соочувајќи се со своите најдлабоки стравови. За време на оваа ноќ таа ќе го сруши секој морален стандард за кој цврсто се залагала во животот.

Роден 1964, Дамјан Козоле, е еден од водечките словенечки и балкански филмски автори, чии проекти секогаш зборуваат за актуелни теми на современото општество. Сите негови филмови имаат доживеано големи постигања, како фестивалски така и во однос на дистибуцијата во Европа. Веројатно најбележит проект е „Резервни делови”, кој беше прикажан во главната конкуренција на Берлинскиотфилмски фестивал и дистибуиран во 15 европски земји.

Долгогодишната и продлабочена словенечко-македонска филмска соработка има донесено многу, а овој филм секако е меѓу посветлите мигови од таа богата традиција.

CINEDAYSДамјан Козолемакедонска копродукцијаНоќе животПујуСестри и брат МитевскиСиера НевадаСинедејсфилм
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics