Секогаш кога ќе погледнеме фотографија од Кристи Тарлингтон си помислуваме „Оваа жена не старее“, бидејќи 45-годишната супермоделка и во новата рекламата за Eternity изгледа скоро идентично како во поранешните кампањи на овој парфем на Келвин Клајн. Разликата е што порано позираше покрај различни манекени, сега друштво и’ прави нејзиниот сопруг, режисерот и актер Ед Брнс. Фотографиите ги направија Инез Ван Ламсверде и Винуд Матадин.

Кристи и Ед Брнс ја рекламираат и новата верзија на легендарниот парфем на Келвин Клајн, Eternity Night, кој ќе почне наскоро да се продава
Нема коментари