Француското издание на Vogue ја ангажира една од најуспешни супермоделки на сите времиња Кристи Тарлингтон за насловната страница на априлскиот број кој тематски ја слави уметноста на високата мода и на верниот француски шик. Таа на првата страница позира во розов, сатенски и плисиран фустан од „Валентино“, стајлингот е на главната уредничка Емануел Алт, а фотографијата е дело на тандемот Инез и Винод. „Таа беше пример за милиони девојчиња во средината на 90-тите години. Со очи на срна, свежа заразна насмевка и извајано тело оформено по години вежбање јога, Кристи Тарлингтон има чудесна природна убавина што ја прави една од најубавите во ескадрилата на супермодели. Таа има блескаво спокојство, и „плови“ низ ѕвездената кариера и животот, со целосна леснотија на времето. Тој Joie de Vivre со кој зрачи на насловната го докажува тоа“, пишува Алт, главната уредничка на Vogue Paris. Кристи и после толку многу години на модната сцена изгледа прекрасно, достоинствено и природно, иако на оваа насловна поради стајлингот изгледа малку агресивно и многу 80-ти ретро.
Нема коментари