Едно од новите лица на модната агенција „Моделс ин“ и машки модел кој почна да гради интернационална кариера е Христијан Стојаноски – Крис. „Неочекувано брзо се случи неговиот пробив, првенствено на локалната, па понатаму и на интернационалната сцена. Клучниот момент беше неговата кампања за познатиот бренд Bitsiani, која потоа му ги отвори вратите во модната индустрија“, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски.
Веднаш потоа Христијан потпишал договор со модната агенција Fox Models од Белград, од каде се потрудиле да го пласираат на странските модни пазари. Во моментов Крис се наоѓа во Бангалор, Индија, но работел и во многу други градови каде што сликал кампањи за познати светски брендови. Па така во неговото портфолио сега има каталози и кампањи за Tommy Hilfiger, Peter England, Nike, Adidas, Louis Philippe и други познати светски линии на облека.
„Неговиот договор е до месец јуни оваа година со модната агенција Sky Models, потоа ќе направи мала пауза за летниот одмор, а веднаш потоа се подготвува за новата сезона која стартува во септември. Би сакале што повеќе да работи на интернационалната модна сцена, бидејќи поседува сè што треба да има еден успешен машки модел: пропорции, убавина, професионалност и дисциплина“, вели Алек Наумовски.
Нема коментари