Модната куќа „Шанел“ повторно ќе се врати на аеродром за да отпатува на Куба каде што во мај 2016 ќе ја претстави новата ресорт колекција. После Салцбург, Дубаи, Мајами, Сеул и Сингапур, „Шанел“ и креативниот директор Карл Лагерфелд одлучија следната „патувачка“ ревија за сезоната ресорт 2016/17 да ја одржат во Хавана на Куба. Тоа ќе биде прво модно шоу на куќата во Латинска Америка. За изборот на дестинацијата од „Шанел“ велат дека „културното богатство и новото отворање на Куба е голем извор на инспирација за Лагерфелд“.
Нема коментари