Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижниот интернационален настан во Словенија
Како резултат на соработката помеѓу „Лаб дизајн маркет“ и Big SEE од Љубљана, македонските дизајнери и занаетчии кои се застапени во скопскиот маркет викендов групно ќе се претстават на интернационалниот настан „BIG Design Ljubljana 2024“.
Од 10 до 12 октомври улиците во центарот на Љубљана, Словенија, ќе се трансформираат во интерактивен изложбен простор.
Како дел од меѓународно познатиот фестивал „BIG Design Љубљана“ ќе бидат прикажани дизајни од еден од најкреaтивните региони во светот – југоисточниот дел од Европа. Значајни имиња во светот на дизајнот ќе дојдат во Словенија за да бидат дел од овој настан кој ја прославува креативноста.
Фестивалот ќе започне со отворање на изложбата „BIG Design“ во четврток ,10 октомври, во 12 часот пред Градското собрание на Љубљана, во кој ќе учествуваат над 40 изложувачи меѓу кои и нашата заедница од „Лаб дизајн маркет“.
Своите најнови производи и колекции ќе ги претстават нашите учесници: Армма, Лудус, Мамка, Микка, Маринов, Елена Ристовска, Ксенија Котев, Дана Андо, Епокси, Номад, Ле Бренд, Сербез и Солар.
Нема коментари