Лејди Гага избра провокативен виолетов фустан од новата колекција на Гучи, на вчерашната премиера на филмот „Куќата на Гучи“. Креацијата е доолнета со долги ракавици, мрежести хулахопки и чевли со високи платформи. Изборот е очекуван, бидејќи во филмот таа ја глуми Патриција Реџани, која своевремено го нарача убиството на својот поранешен сопруг, Маурицио Гучи. Филмот го режира Ридли Скот, а ги следи случувањата во модната династија Гучи.
Нема коментари