Лејди Гага се подготвува за нова филмска улога, според американските медиуми таа ќе ја глуми Патриција Реџијани Мартинели Гучи, италијанска богаташка која што во 90-тите години беше осудена дека најмила убиец за својот поранешен сопруг Маурицио Гучи, од славното модно семејство Гучи. Филмот ќе го режира Ридли Скот.
Патриција била во брак со Маурицио Гучи 12 години, кој во тоа време бил на челното место на модната куќа „Гучи“. Двајцата се развеле во мај 1985 година. Реџијани била разочарана од разводот и наводно им кажувала на луѓето дека „посакувала Маурицио да биде убиен“.
Маурицио бил застрелан од вооружен напаѓач и починал пред својата канцеларија во 1995 година. Реџијани беше осудена на 29 години затвор, откако било докажано дека најмила убиец за својот екс-сопруг, но е ослободена во 2016 година, откако отслужила 18 години зад решетки.
Филмската приказна за убиството во семејството Гучи ќе биде базирана на книгата „Куќата на Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“.
Нема коментари