Познатата пејачка и актерка Лејди Гага е новото заштитно лице на кампањата Legendary Style на брендот за накит Tiffany & Co., а кампањата ќе биде откриена преку едноминутно видео за време на следниот спортски натпревар Super Bowl. Лејди Гага ќе ги промовира парчињата накит од новата линија Tiffany HardWear, за снимањето на рекламата соработуваше со фотографот Дејвид Симс, а креативен директор на кампањата е ценетата Грејс Кодингтон, поранешната креативна директорка на американски Vogue. „Во Њујорк се раѓаш знаејќи дека Tiffany е нешто најдоброто, и дека таму се случува магијата. Брендот е конечен и култен, но продолжува да се развива во склад со времето. За мене Tiffany претставува безвременски американски накит “, вели Гага во соопштението за кампањата.
Нема коментари