Француската актерка Леа Сејду се разголе во рекламата за парфемот Candy Florale на брендот „Прада“. Русокосата ѕвезда на филмот „Убавицата и ѕверот“ позира легната на кауч пред фотообјективот на Стивен Мајсел. На втората фотографија таа е со цвет в раце. Од „Прада“ објаснуваат дека парфемот е замислен како имагинативен цвет кој испушта светлина во воздухот која остава сјај зад дамите што го носат.
Нема коментари