Запознајте го Леон Дејм, манекенот кој на вчерашната модна ревија на Џон Галијано за Maison Margiela жестоко jа прошета пистата и поради неговиот самоуверен од стана Интернет сензација. И меѓу другото, успеа да ја насмее ледената уредничка Ана Винтур. Дваесетгодишниот германски манекен ја затвори ревијата на Margiela облечен во кратко кожено палто и со високите чизми прошета на пистата нишајќи ги колковите на мошне експресивен начин.
Колку и да е спонтано, како што се чинеше, Леон за Vogue изјави дека цик-цак одот бил однапред испланиран. „Веќе имав некаква идеја, но ја развив за време на пробата ноќта пред ревијата, заедно со кореографот Пет Богуславски“.
Леон доби безброј нови фанови на Инстаграм, една која веднаш стисна Follow на неговиот профил е Ријана.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари