Скандинавките во последниве сезони се голема стилска инспирација, една таква инспиративна модна приказна е Емили Синдлев, стилистка и Инстаграм инфлуенсерка од Копенгахен, препознатлива по веселиот и колоритен стил. Ако ги проследиме нејзините последни објави на Инстаграм, ќе забележиме дека Емили во моментов е во Сен Тропе од каде постира неколку летни стилски идеи како розов лежерен комплет од кошула и широки панталони, шарен фустан за плажа и тиркизен модел за вечерно излегување. Модни идеи ловиме и од нејзините патувања во Португалија, од еден моден настан во Рим и од престојот во Сан Диего каде присуствуваше на ревија на Луј Витон.
Нема коментари