Осумнаесетгодишната Лила Грејс Мос Хек, ќерката на супермоделот Кејт Мос, за првпат се појави како манекенка на модна писта и ја отвори ревијата на Miu Miu што се одржа во рамките на Париската модна недела. Лила има манекенско искуство, сликала едиторијали и се појави во кампања на Марк Џејкобс, но за првпат прошета на модна писта.

Кејт Мос дебитира на модната писта на ревија на D&G на 18 години, на иста возраст Лила за првпат на ревија на Miu Miu
Лила ја следи својата мајка во манекенсктовото. Кејт Мос исто така на 18 години првпат работела на модна ревија. Иако била отркиена на 14–годишна возраст од страна на скаути, Кејт на модна писта застанала дури во 1992 гогина, на нејзини 18 години, на ревија на D&G.
Лила е порасната во модниот свет, нејзиниот татко Џеферсон Хек е основач на познатите списанија Dased и Another Magazine.
Нема коментари