Актерката Лили Колинс изгледа етерично во нејзината прва рекламна кампања за францускиот козметички гигант „Ланком“ фотографирана од Марио Тестино. Во октомври годинава беше објавено дека младата Лили се придружува на групата актерки што рекламираат производи на „Ланком“, Џулија Робертс, Кејт Винслет и Ема Вотсон, а еве го и првиот имиџ од кампањата за лимитираната едиција на пролетна шминка наречена „French Ballerine“. Боите од новата колекција се инспирирани од свежи и природни пролетни мотиви, таа содржи нежни и земјени тонови, розови нијанси и деликатни бои на руменила, а името на колекција е во корелација со животот на актерката, бидејќи таа е внука на позната британска балерина. Лили изгледа префинето како балерина и во исто време и’ оддава чест на својата баба!
Нема коментари