Родена и израсната во Скопје, Лили Митровиќ ја започнува својата кариера како моден блогер и сопственик на успешната и брзо растечка компанија во полето на венчавки – Amo Lusso Atelier – модно ателје специјализирано за венчаници и вечерни тоалети. Двигателот на Лили е совршеноста и сигурноста на најпосебниот ден во животот на една девојка.
Со диплома од Универзитетот во Милано, отсек Моден дизајн и Бизнис и Маркетинг при Универзитетот во Белград, Србија, Лили е избрана од страна на Обединетата македонска дијаспора како една од првите десет од листата на успешни 40 под 40 поддржана од претседателот на Македонија. Нејзиниот личен Instagram профил има над 620.000 следбеници, како и профилот на ателјето кој брои 50.000 фанови.
Оваа недела, Лили ја пронајде својата инспирација во Скопје Мериот хотел, во Претседателскиот апартман. Скопје Мериот хотел ги нуди највисоките стандарди во планирањето на венчавки, целосно обезбедени и декорирани свадбени простории, специјализирани менија и тим од професионалци кои ја следат листата на замисли до самиот ден.
Нема коментари