Периодов пазарите се полни со вкусни јагоди, па додека се актуелни еве идеја за освежителна лимонада на база на ова овошје, едноставен напиток со детоксирачко својство и зачинет со свежо нане. За да подготвите 4 чаши од овој напиток потребни се:
- 200 грама јагоди
- 1 дл свежо исцеден сок од лимо
- 2/3 шолја шеќер
- 2/3 шолја вода
- Листови свежо нане
Ставете ги шеќерот и водата во мал сад и загрејте ги на средно јак оган додека не добиете сируп. Мешајте го сирупот околу две минути додека не се растопи шеќерот и пред да почне да врие тргнете го шпорет и ставете го во фрижидер десетина минути да се олади. Ставете ги јагодите и нането во блендер, па додадете го сокот од лимон и благиот сируп. Измешајте додека не ја добиете саканата густина, доколку ви пречат зрнцата од јагодата, исцедете го сокот после миксањето. Сервирајте со коцки мраз и неколку листови нане за декорација.
Нема коментари