Славната супермоделка Линда Евангелиста е лицето од насловната страница на септемврискиот број на британски Vogue, ангажман за кој вели дека „соништата повтоно се остваруват“, реферирајќи на нејзината долгогодишна изолација и отсуство од модната сцена, откако лицето и телото ѝ беа обезличени после еден козметички третман во 2016 година. Но, откако неодамна одлучи да излезе во јавност и ја раскаже својата приказна, Линда се охрабри и сними кампања за Fendi, а еве ја и на страниците на Vogue UK.
Евангелиста (57), моден камелеон и една од најбараните манекенки во 90-тите, позира пред објективот на Стивен Мајзел, познатиот фотограф со кого често соработувала низ годините. На насловната Линда носи креација на Долче и Габана, во главиот едиторијал е во модели на Фенди, Шанел, Ричард Квин, Александар Вотие, а стајлингот е на Едвард Енинфул, главнит уредник на Vogue UK. Линда живее со последиците од неуспешниот третман CoolSculpting, па за фотосесијата шминкерката Пет Мекграт употребила ленти кои ѝ го затегнууваат лицето, како и марами и шапки кои ги сокриваат лентите и масните грутки што ги има на лицето и вратот како нуспојава од естетската процедура. Манекенката за Vogue сними и видео во кое коментира неколку нејзини култни изгледи и фотографии за Vogue, а зборува за феноменот на супермодел.
Нема коментари