Модниот бренд Lindex ја лансира нвата кампања за долна облека во која наместо професионални манекенки ги повика своите вработени да позираат како модели. Со ова покажуваат дека модата во суштина е наменета да ја носат различни личности со различен облик на тело, а не само вити манекенки со совршени пропорции. Lindex истото го направи и лани ангажирајќи ги вработените да позираат во облека со различни величини, овојпат отидоа подалеку и ги фотографираа во долна облека. “Во студиото во Лондон нè пречека неверојатен тим од шминкери, фризери, стилисти, прекрасен креативен директор и талентиран фотограф кои направија да се чувствуваме фантастично на снимањето,“ вели Марија Сандквист, менаџер на бутик на Lindex во Луло, Шведска.
Нема коментари