Дизајнерката Викторија Бекам, актерката Ема Вотсон и топ-моделот Кејт Мос се најдоа на врвот на листата со жени со најдобар стил во светот, во моментов. Трите Британки одушевуваат со својот имиџ на црвениот килим, разните јавни претставувања, но и во неофицајналите, приватни моменти. На листата со најголемите икони на стилот, што ја објавува Hello! Fashion Monthly, веднаш по нив се: Оливија Палермо, Алекса Чанг, Кара Делевињ, Џесика Алба, Ким Кардашјан, Попи Делевињ и Рита Ора.

Ема Вотсон одушевува и на црвениот килим и со приватниот имиџ
-Драго ми е што гледам дека на листата со најголемите икони на стилот има толкав процент на Британки. Како нација , имаме доминација во модниот свет, со топ-дизајнерски имиња како Вивиен Вествуд, „Барбери“, Метју Вилијамсон, Стела Макартни, Викторија Бекам, Џени Пекам, Кристофер Кејн и Мери Катранзу. Фантастично е што имаме и амбасадорки на стилот, од различна возраст – изјави познатата британска модна уредничка, Хилари Александер.

Кејт Мос , иака наполни 40 години, сè уште е најангажирана британска манекенка
Нема коментари