Обожавателите на шпанскиот моден бренд Zara инспирација ќе можат да ловат и на новата Инстаграм дестинација @LivingZara. Овој Инстаграм профил брендот го лансираше пред неколку дена како „заеднички проект помеѓу Zara и неколку внимателно избрани поединци кои да се сметаат за интересни или инспиративни во рамките на индустриите што ги работат“. Со цел да ги промовира своите модни креации на поинаков начин, Zara секоја недела ќе објавува различни лица со позадина во модата, уметноста, архитектурата и музиката, кои ќе го превземат профилот и ќе продуцираат своја содржина. Оние што ќе го посетат профилот и разгледаат комбинациите, можат да стиснат на посакуваното модно парче, што ќе им возможи информации за продуктот, цената и ќе ги одведе на Zara за продажба.
За почеток Zara го овори профилот за неколку ѕвезди на уличната мода, близначките Рис (@double3xposure), Моли Блустајн (@accidentalinfluencer), Кортни Троп (@alwaysjudging) и Џен Вондерс (@jen_wonders) кои понудија своја интерпретација на трендовите на сезоната – сатенски здолништа, миди фустани, предимензионирани сакоа, мини чанти, моделите со tie-dye ефект, детали во етно стил. Содржините може да ги следите и на интернет страницата во делот Cornershop.
Нема коментари