Времето во кое живееме го смени нашето секојдневие и ни наметна големи грижи за нашето и здравјето на нашите најблиски. Факт е дека оваа нова реалност има голем ефект и врз малите локални бизниси кои сè уште се трудат да ги пребродат последиците и да се прилагодат на новите правила.
Токму ваков пример се и здружените локални бизниси кои се наоѓаат во уличката кај грчка амбасада во Скопје кои на креативен начин пробуваат да ги привлечат своите потенцијални купувачи преку заеднички попусти. Нивната акција почна во пресрет на празникот на виното и љубовта, Св Валентин и Св.Трифун, а ќе трае до 19 февруари.
Во оваа акција се вклучени неколку бизниси:
Занаетчиството од Македонија, собрано во мала топла просторија во која можете да се загубите со часови. Големината на малите нешта не била подостапна од сега: во Еснаф се преплетени традиционалното со постмодерното. Артистичкиот дух помешан со старата еснафска македонска школа за единствено место во Скопје.
Choco Like е слатка симпатична house of artisan chocolates каде вкусот на квалитетното белгиско чоколадо е претопен во воодушевувачки форми кои долго ќе се двоумите дали да ги прегризате, но еднаш стопени во уста, ќе сакате само да продолжите.
Првиот макробиотски и вегански ресторан во Македонија Ресторан Хармонија преку своите специјалитети ќе ви го овозможи спојот на здравата храна со гастрономскиот вкус и за најпрефинетите гурмани.
Луна е шик бутик кој им овозможува на дамите со облини да се чувствуваат удобно во својата облека но и да изгледаат шизички со трендовска и штосна конфекција.
Фризерите за кучиња TUTU нудат единствен концепт на разубавување на салонски кучиња до 10кг во соработка со сопственикот и употреба на органска козметика произведена во Париз.
Нема коментари