• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Лорена Винагре Силва од Pilotto Bags: Шпанска дизајнерка што создава чанти во Македонија

Од Катерина Трајановска · На април 3, 2015

1 berlin

Брендот за чанти и торби Pilotto Bags можеби е роден во Белград, како производ на шпанската дизајнерка Лорена Винагре Силва, ама сега сосема добро функционира во Македонија. Шпанката Лорена живеела во повеќе европски градови, но сега со семејството е стационирана во Скопје и токму тука го расте брендот препознатлив по суперлесните торби направени од издржлива хартија, кои имаат практични форми, но и дизајнерски решенија, а може да се најдат најдат на македонскиот шопинг сајтот Bastet Noir. Неодамна дизајнерката направи промотивна кампања со манекенката Елена Трајановска и фотографот Дарко Мораитов со новите парчиња од летната линија. Ја исконтактиравме Лорена помеѓу едно патување до Мадрид и назад во Скопје, и посакавме да ни раскаже како се роди идејата за својот бренд. Pilotto Bags е прв моден бренд на Лорена. Таа со години работела во модната индустрија, прво како манекенка, потоа како фотографка. Подоцна во Мадрид имала можност да соработува со шпанскиот дизајнер Дејвид Делфин, кој како што вели дизајнерката, ѝ претставил нова призма за модата и дизајнот. Во периодот до 2011 година работела за шпанската компанија Inditex во различни европски земји. Потоа го почнува да го реализира концептот на Pilotto Bags.

2 backpack copy 2

-Целата идеја на Pilotto Bags започна од мојата лична потреба за патување и постојано носење рачни торби и багаж, и кога сфатив дека материјалите што се користат за вакви торби се многу тешки дури и кога се празни. Во истиот период еден мој пријател ми донесе подарок од САД направен од фантастичен материјал наречен tyvek, свиленкаста, мазна и исклучително силна ткаенина, па почнав да истражувавам низа цела Америка повеќе за тоа. Неколку месеци подоцна го имав материјалот и ја тестирав првата Pilotto Bags чанта на мене, ја носев по цел ден и резултатите не можеа да бидат подобри – изјави дизајнерката.

Според Лорена идејата на Pilotto Bags е да се направат поедноставни и полесни креации, со помош на иновативен материјал кој озвозможува карактеристичен изглед. Торбите се модерни, функционални и направени од еколошки материјал.

3 image

-Материјалот за чаните е ултра лесен и исклучително силен, што ни дава паметен избор за оние денови кога патуваме, имаме многу активности во градот, се грижиме околу со децата… Дизајните на Pilotto Bags нудат флексибилност со нашите ранци, како и практичност при патување со минималниот рачен багаж и кежуал изглед сo торбуте за секој ден. Pilotto  Bags е револуционерен избор и начин на размислување – ни кажа Лорена.

Дизајнерката од Мадрид во Скопје живее една и пол година и ни откри дека уште од почеток почувствувала дека Шпанците и Македонците се многу блиски по менталитет и слични на начинот на размислување и искажување љубов кон семејството и пријателите. Поради сето тоа ѝ било лесно да се адаптира на скопскиот живот.

4

-Тука во Македонија набљудував какви активности имаат луѓето, за да видам какви торби им одговараат на нивните потреби. Дознав дека тука луѓето користат средни до големи чанти, особено кога имаат активности преку цел ден, тоа е причината за секојдневен изглед на tote-торбите креирани за ова лето, шарени и забавни торби што може да ги носите преку целиот ден. Pilotto работи со македонски компании и локалната индустријакоја ме поддржа уште од самиот почетокот на брендот. Што можам да кажам освен дека ми е многу мило што сум тука и работам со моите македонски пријатели – вели дизајнерката.

Една од последните новости е соработката со домашната интернет продавница Bastet Noir кои прифатија креациите од Pilotto Bags да станат дел од нивниот проект, а толму на таа онлајн дестинација може да се купат и последните летни модели. Лорена ни рече дека е во финалната фаза од преговорите да почне да продава свои дизајни во познатата белградска концептуална продавница Supermarket Concept Store , а наскоро и на други сајтови и бутици во регионот.

5 berlincopy

6 madrid copy 2

7 paris copy

Pilotto Bagsеколошки материјалЕлена ТрајановскаЛорена Винагречанти и торбишпанска дизајнерка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics