Американецот Лаки Блу Смит последниве две-три сезони е еден од најбараните машки модели, препознатлив во платинеската коса и како манекен со најмногу следбеници на Инстаграм, додека Лоти Мос веќе некое време ја следи кариерата на постарата и суперуспешна сестра Кејт Мос. Двајцата се актуелни модели на новото време и еве ги заедно на насловната на француски Vogue за месец мај. Лоти, облечена во златна креација од „Сен Лоран“ и Лаки Блу се фотографирани од страна на Марио Тестино, а стајлингот е на главната уредничка на магазинот, Емануел Алт.
Нема коментари