Во една година постоење концептуалниот простор Lotus Design Store во „Скопје сити мол“ претставуваше место на кое се продаваа креативните дела на преку 50 македонски дизајнери и брендови, место во кое се одржаа повеќе ревии и презентации, а таму и Stylist.mk ги додели последните награди за најдобрите на Моден викенд-Скопје. Но сопственичка Анита Гај деновивe најави дека ја затвора продавницата и таа ќе работи до 30 јуни. Дотогаш имате можност да купите дизајнерско парче по намалени цени, потоа дел од продавницата продолжува да работи преку онлајн продажба на shop.lotusgeneration.com. Во исто време може да купите некое од донарините дела на 19дизајнери во хуманитарната акција „Дизајнер за дизајнер“ наменета за пошош на младата дизајнерка Орнела Јовановска.
-Им благодарам на дизајнерите кои се потрудија колку можеа во овие услови да работат и да ги пласираат своите актуелни колекции и дизајнерски производи. Нема лесно да се откажеме и да ја предадеме дизајнерската култура и нема да дозволиме последниот грам на надеж за уметноста засекогаш да се избрише од нашите сеќавања. Искрено се надевам дека домашниот дизајн со квалитетoтот и контининуитетот ќе се издигне на нашиот пазар и ќе се избори за место помеѓу сите странски брендови кои доминираат. Воедно сметам дека на македонскиот дизајн му треба силна подршка и мецена и ги повикувам сите кои се во можност да инвестираат во креативните индустрии да го сторат тоа за бенефит за сите – вели сопственичката на продавницата, а воедно и дизајнер на „Лотус Лаунџ Чер” Анита Гај.
Нема коментари