По неколкуте успешни настапи на Љубљанската модна недела македонската модна етикета за безродова мода изработена од исклучиво природни материјали, Лудус, ги прави првите пробиви во интернационалните медиуми. Новиот моден едиторијал израбoтен со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов, сега се најде и на престижното интернет списание специјализирано за машка независна мода Калтблут Магазин. Едиторијалот се однесува на последната колекција Monoscapes, сработен е во Словенија, со моделите Анел и Уршка од агенцијата Имортал, каде како стилист се јавува долгодишната соработничка Мартина Ивановска.
Видео презентација од последната колекција на „Лудус“ се најде во секцијата Таленти на онлајн изданието на Vogue Italia.
Видеото може да го погледнете на овој ЛИНК.
Нема коментари