Потрагата по ноќен третман за пределот околу очите кој ќе ја хидрира, обнови и зацврсти кожата и ќе намали подочниците завршува со новиот производ на Estée Lauder наречен Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix. Tаа потрага нè однесе и на настанот што го организираше Estée Lauder Macedonia – несекојдневна, луксузна и интимна пижама забава во скопскиот Парк Хотел на која во друштво на неколку новинари, блогери и инфлуенсери се собравме да го запознаеме новиот производ.
Estée Lauder воодушеви со невообичаениот луксузен настан наменет за убавината и моќта на ноќната нега, со цел да посочи колку е важно овие мали ноќни ритуали за нега и убавина да станат секојдневие на секоја жена. Во една од луксузните соби на Парк Хотел со чаша пенливо вино Prosecco и вкусни десерти, во опуштена атмосфера со пријатна музика, повторно уживавме со козметиката на Estée Lauder, а гостинката од Загреб, бренд менаџерката Маја Божовиќ ни ги објасни благодетите на новиот серум Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix.
Зошто ноќната нега е моќна?
Неизбежна е штетата која динамичниот работен ден ја нанесува на нашиот изглед. Затоа навечер, кога се одмараме и телото ни е опуштено, неопходна е нега на кожата, за да се сочува природниот сјај и убавина. Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix, го овозможува токму тоа – целосна нега која најдобро дејствува навечер, кога одмараме и кога кожата најактивно ги впива хранливите состојки на производот чија намена е активно да работи во корист на вашата убавина, додека вие одмарате.
Што нуди Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix
За познавачите на козметиката на Estée Lauder нема потреба за воведување во линијата Advanced Night Repair и ноќниот серум кој се смета за „светиот грал на серумите“. Од истата линија ANR доаѓа и новиот концентриран матрикс серум за очи кој ја обновува, зацврстува и хидрира кожата околу очите. Со помош на „технологија на матрикс од 360 степени“ има за цел да ги намали проблематичните појави околу окото како линии, брчки, подуени и темни подочници.
Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix содржи солидна концентрација на хијалуронска киселина. Доаѓа со апликатор кој се употребува како масажер, односно се препорачува со него да масирате со кружни движења од 360 степени под окото и над капакот, за подобро да се впие производот. Еве како:
Што правевме со тимот на Estée Lauder после вчерашните работни обврски?
Облековме пижами, меки наметки и се опуштивме со чаша вино, свежо овошје и чоколадо, додека професионалците од Estée Lauder се погрижија за презентацијата на новиот производ. Ги споделивме импресиите преку фотографии на социјалните мрежи под ознаките #esteelauder, #anr и #beautiful skin. Останува да го испробаме серумот, да го споделиме искуството и да ви го препорачаме како дел од вашата нега.
Нема коментари