Еден ден по светската премиера на седмата епизода од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ во Лос Анџелес, промоцијата продолжи во Лондон. На тамошната премиера Лупита Нионго се појави во креација на Проенза Скулер во научно-фантастичен дух, а во однос на шминката изненади со металик син кармин на усните. Неконвенционалната боја на кармин всушност е посвета на ликот на Маз Каната што го глуми во филмот. Овде може да видите како Лупита беше облечена на премиерата во Лос Анџелес.
Нема коментари