Луксузните брендови против коронавирусот
Француската холдинг компанија за луксузна роба LVMH во своето портфолио покрај бројните модни брендови, ги има и козметичките и парфемски куќи Louis Vuitton, Christian Dior, Guerlain и Givenchy. Компанијата и првиот човек Бернар Арно објавија дека производствените погони во кои се прават парфемите на Диор, Герлан и Живанши, ќе ги стави во служба на борбата против Ковид-19 и во нив ќе се произведуваат средства за дезинфекција, поточно хидроалкохолни гелови за раце. Понатаму овие производи ќе бидат бесплатно доставени до француските здравствени власти и до болниците, приоритетно до една државна болница во Париз. Во времето на ширењето на коронавирусот LVMH препозна дека нема доволно вакви средства за заштита и се покажа како компанија со одговорност и чувство за солидарност.
Нема коментари