Актерката Емили Блант во новата фотосторија на онлајн-магазинот Violet Grey одглуми современи верзии на ликови од бајките како Црвенкапа, Снежана и Златокоса. Идејата за фотосесијата произлезе од фактот што Емили почнува да го промовира својот нов филм Into the Woods, работен според бајка на Браќата Грим. „Ова не се портрети на едно-димензионални ликови од бајки, туку модерни жени кои се моќни и компицирани“, вели актреката за темата на едиоријалот. Фотографиите ги потпишува Норман Џин Рој.
Нема коментари