• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Актерката Амернис Нокшиќи – Јовановска позира во пролетни креации на Marella

Од stylist @StylistMKD · На јуни 21, 2019

amernis (3)

Актерката Амернис Нокшиќи – Јовановска позира во модели на Marella во фотосесијата направена в оосоработка со модната групација „Магнетик“, а во интервјуто таа зборува за своите професионални проекти. 

Дел си од многу тв проекти, филмови, театарски претстави. Во кој од овие типови на уметнички израз најмногу се пронаоѓаш?

-Го сакам филмот, но подрага ми е театарската уметност. Театарската уметност дава можност да го надоградуваш ликот со секое играње, нема запирање. Ја сакам театарската уметност, бидејќи се случуваат постојано многу непредвидени ситуации.

На една театарска претстава работи цела плејада од уметници. Сите работите заедно како целина, како тим. Во која од претставите досега на кои си работела си ја чуствувала таа сплотена, позитивна, еуфоричност најмногу?

-Во мојата професија не е возможно да нема тимска работа. Не може, а да не сме сплотени. Во секоја од претставите што досега сум ги играла сум се посветувала максимално. Без разлика дали се големи или мали. Таа тимска работа функционира. Сите работиме за претставата. Но, секогаш има и актери кои понекогаш го бојкотираат проектот или немаат верба во него па, па тогаш станува потешко. Колку повеќе работиме тимски толку повеќе претставата добива на квалитет.

amernis (5)

Препорачај ни претстава која мора да ја изгледаме…

-Последно нешто кое сум го гледала, а ми оставило впечаток е „,Венера во крзно“ во режија на Ивана Ангеловска. Играат двајца мои драги колеги Ивана Павлаковиќ и Благој Веселинов. На сите оние кои ја немаат гледано им препорачувам од срце да ја гледаат од септември. Нема да ве остави рамнодушни.

Дали танцот или глумата е твојата прва љубов? Што значи за тебе танцот? Со каков друг тип на уметност би се бавела? Дали гледаш на модата како вид на уметнички израз?

-Првенствено балетот беше моја прва љубов, но како поминуваше времето, љубовта кон глумата растеше сè повеќе. За мене танцот е слободно изразување на чувства без одреден текст, кога танцуваш чувствуваш слобода и љубов.

amernis (13)

Беше дел од мини телвизиската серија „На терапија“. Како дојде до таа соработка? Дали сметаш дека кај нас се потребни повеќе вакви проекти? На што те научи ова искуство?

-Да, бев во кастот за „На терапија“, како и во досегашните ангажмани за филм или серија треба да се помине фазата на кастинг. Поминав успешно и станав дел од проектот. Имав прекрасно искуство со сите колеги, морам да признаам беше тешко и напорно. Овој тип на серија е многу захтевен проект за еден актер. Сиот арсенал треба да се искористи со цел да се добие посакуван резултат. Сметам дека нам ни требаат повеќе серии од овој тип, бидејќи отвораат прашања на кои мнозинството не се подготовени да разговараат.

amernis (4)

Беше дел од екипа на „Петко“и албанската „Miri nikochiri“, кажи ни како дојде до тоа да се вклучиш во овој проект? Кажи нешто повеќе за искуството да работиш зад сценатаа?

-Во проектот се вклучив по иницијатива на мојата драга колешка Билјана Драгичевиќ Пројковска. Работев како coach dialog. Да се работи зад сцената е многу интересно, сè изгледа многу поинаку. Не е лесно да се справиш со глумците. Треба да се има поединечен пристап со секого за да се добие посакуваниот резултат.

Која ти е најдрага улога од оние од почетоците? Дали сметаш дека те менуваат улогите кои ги играш?

-Најдрага улога од моите почетоци е преставата„Татко“ од Стрингберг во режија на Слободан Унковски. Одлично искуство, одличен каст и одличен режисер.Не сметам дека улогите ме менуваат, туку понекогаш ме надополнуваат.

amernis (8)

Си работела на неколку проекти на Косово, дали подготвуваш нов проект во странство? Дали постои разлика во професионалноста и уметничкиот израз кога се работи дома и во странство?

-Во моментов сум фокусирана повеќе на нашиот пазар. Уметничкиот израз во странство или дома е ист. Нема разлика.

Од што се плашиш, приватно и професионално?

-Сите имаме стравови. Професионално најголем страв ми е да не го изгубам гласот, алатка без која не се може.

amernis (14)

Што е она што ти дава сила да продолжиш без разлика на сè?

-Љубовта кон мојата професија е мојот професионален двигател.

Што ти дава самодоверба?

-Како навлегов во 40-тите работите некако се сменија. Знам што сакам, а што не. Искуство.

amernis (1)

Смеењето е дефинитивно најдобриот лек. Што те смее?

-Ме смеат ведри луѓе и се трудам што повеќе да бидам опкружена со овој тип на луѓе.

Што е за тебе следно професионално?

-Во август започнуваме со подготовки за нова претстава за отворањето на Албански театар.

amernis (12)

Модел: Амернис Нокшиќи – Јовановска/ Облека: Marella/ Фотографија: Александра Костадиновска/ Шминка: Васе Доковски (Beauty Hub 202)/ Коса: Даниел Артевски (Beauty Hub 202)

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 zanov angiem едиторијал

    Соработката меѓу Zanov и Angie.M вроди ексклузивна колекција на костими за капење и облека за на плажа

  • rosica mrsik colopscape едиторијал

    Свеж бран на бои и форми во колекцијата Colorscape на Росица Мршиќ

  • mite zanov (2) едиторијал

    DUNES: Колекција на Мите Занов инспирирана од пустината

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics