• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

МАГНЕТИК СО МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРКИ: Драгана Лошкова – успешна, талентирана и природна

Од stylist @StylistMKD · На мај 20, 2019

DSC_0292a

Актуелна со новата улога на Лејди Макбет во претставата „Макбет“ во МНТ, актерката Драгана Лошкова, позната и со моминското презиме Костадиновска, зборува за овој проект, за работата во театар и на ТВ, но и за модата и стилот. Покрај интервјутото направено во сoработка со модната гупација „Магнетик“, Драгана сработи и фотосесија во која позираше во моделите на Marella.

Најновиот проект на кој премиерата беше овој месец во МНТ е  “Макбет”. Како е да си дел од овој проект? Заедно сте во тим со Сашко Коцев, кого ретко го гледаме во ваков тип на претстави, раскажи ни некоја интересна случка од пробите и подготовките…

-Во театрите низ светот постои верување дека драмскиот текст „Макбет“ на Вилијам Шекспир е „проколнат“ и дека и носи несреќа на онаа екипа кој ќе се одлучи да го работи. Постои легенда која вели дека на праизведбата на „Макбет“ актерот кој ја играл улогата на Лејди Макбет умрел за време на претставата, па самиот Шекспир морал да го замени. Оттогаш екипите кои го работат овој текст избегнуваат да го изговараат името Макбет во театарската зграда, и наместо тоа го користат изразот „Шкотската Драма“. Имајќи го ова предвид требаше да бидеме во очекување не само на интересна, туку и на некоја потресна, односно мрачна случка за време на процесот. За среќа, нас проклетството нè избегна. Се разбира подготовка на претстава подразбира многу убави и креативни моменти, но и лични, продукциски и тимски предизвици кои знаат да предизвикаат немир, но и задоволство кога предизвикот ќе биде надминат.

DSC_9998a

Продирајќи во шекспировите трагедии можеме да препознаеме искуства кои лично сме ги доживеале или пак ги препознаваме во современото општество или блиското минато. Шекспир можеме да го пронајдеме во литературата, уметноста, театарот, но и во секојдневниот живот, а тоа ни овозможува покрај тоа што неговите дела се грандиозни, воедно да бидат и толку блиски и човечки. „Макбет“ е извонредно дело.На сцената на Македонскиот народен театар се постави за првпат и е во режија на Нела Витошевиќ. Исклучително многу сум радосна што бев дел од тој процес. Да се читаат секојдневно стиховите на Шекспир, и во една пријатна атмосфера да можеш со колегите да разговараш за нив, да си мечтаеш што тој со некоја метафора сакал да кажепред повеќе од четиристотини години, да се обидеш да ја дофатиш нивната севременост, да ги интерпретираш – сето тоа е вистинска привилегија.

На една театарска претстава работи цела плејада од уметници. Сите работите заедно како целина, како тим. Во која од претставите досега на кои си работела си ја чуствувала таа сплотена, позитивна, еуфоричност најмногу?

- Дали една претстава ќе биде добра или не, зависи од тоа дали секој од учесниците работи конструктивно кон заедничкиот резултат. Нашата „Макбет“ е пример за колективно посветено учество, како на секој еден од актерската екипа така и на техничката, а тоа за публиката е јасно видливо. Претпоставувам дека на Нела не ѝ беше едноставно да се справува со толкав број учесници во процесот и можам само да замислам колку енергија и тактизирање ѝ биле потребни за од секој од нас да го извлече најдоброто, а од друга страна успешно да го спроведе своето читање на „Макбет“. Сум работела неколку претстави со неа и сведок сум на тоа дека како резултат на нејзината умешност да сплоти и инспирира во екипата секогаш е присутно чувството на задоволство.

DSC_0079a

Твоите почетоци се во Драмскиот театар. Која ти е најдрага улога од оние од почетоците? Дали сметаш дека те менуваат улогите кои ги играш?

- Да, мојот прв професионален ангажман беше во Драмски театар кога бев трета година на студии на факултетот – ја играв Дона Елвира, во „Дон Жуан“, на Молиер во режија на Александар Поповски, оттогаш се поминати скоро петнаест години. Не би можела да одвојам која улога ми е најдрага, затоа што секоја од нив е дел од некаков процес и си носи специфичен багаж, искуство и поука. Можам да кажам која ми била најпосакувана – Маргарита од  „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков. Кога некој ќе ме прашаше која улога би ти значела остварување на сонот, мојот единствен одговор беше Маргарита. И баш беше магично, каков што е и самиот роман, тоа што Иван Поповски дојде од Москва и ја постави на сцената на мојот матичен театар. Има и неколку улоги кои не ми се толку драги, но среќа тие се навистина малубројни.

Не мислам дека улогите во буквална смисла ме менуваат, но секако дека во процесот на подготовка на една улога ние имаме прилика да се протнеме во некој лик и да ги преживееме неговите драматични искуства. Многу често тие ликови изговараат реплики кои низ времето се запаметени како големи идеи, вистини или случки кои го изместиле од тежиштето светот – оној свет кој постои во конкретното драмско дело. Претпоставувам дека секојдневниот контакт со овие ликови, во текот на неколку месеци, колку што се подготвува една претстава не може а да не придонесе и во моето лично созревање. Тоа е исклучителна привилегија, вистински бесценето.

DSC_0300a

Беше дел од мини телвизиската серија „На терапија“. Како дојде до таа соработка? Дали сметаш дека кај нас се потребни повеќе вакви проекти? На што те научи ова искуство?

-Многу ми се допадна „На Терапија“ и како продукт и како процес. Во студентските денови бев дел од една телевизиска серија во продукција на МТВ, но ова беше сосема поразлично искуство. „На Терапија“ пред сè беше многу важна во однос на тоа што имаше за цел да развие дебата по повод неколку табу теми во нашето општество, а нас тоа ни наметна додатна одговорност како ќе им пристапиме на ликовите и како ќе ги портретираме. Се покажа дека серијата го оствари посакуваниот резултат. После секоја епизода на фејсбук страницата на „На Терапија“ гледачите ги споделуваа своите мислења и дискутираа. За мене исто така ново искуство беше тоа што првпат говорев репики кои не беа на македонски јазик – Зана, ликот што го играв, беше од албанска националност и имав неколку реплики на албански јазик. Нивното совладување и интерпретирање беше интересен предизвик. Сметам дека „На Терапија“ е битен продукт за нашата телевизиска сцена во таа смисла што не е само забавна серија, туку бара и еден поинаков ангажман. Овиј тип на продукција треба редовно да ѝ биде понудена на публиката, како на телевизија така и во театар.

DSC_0025a

Пријателства денес тешко се одржуваат. Посебно со темпото и стилот на живот на актерите. Дали сметаш дека професионалните успеси влијаеле на твоите пријателства?

-Не сум почувствувала момент кога професијата ме оддалечила од некое пријателство. Единствено се незгодни моментите кога се случува некоја многу убава прослава или некој настан како концерт или театарска претстава во друг театар, да не можам да ги посетам поради сопствена претстава. Многу, многу сакам да се дружам и да си муабетам со другарките, нема нешто позабавно од купче жени што разговараат. Еден од моите омилени писатели, Жозе Сарамаго, во еден од моите омилени романи, „Балтазар и Блимунда“ вели дека кога две жени разговараат му овозможуваат на светот да се движи :)

Дали сметаш дека модата и стилот на облекување е на еден начин израз на нечиј карактер. Еден вид на лична уметност?Како би го опишала твојот стил на облекување? Кое парче кое го поседуваш има за тебе најголема вредност? 

-Секако дека првиот впечаток за една личност е визуелниот и според стилот веднаш си правиме некоја приказна односно претпоставка за неа. Многу сакам да разгледувам модни списанија, а во секојдневието вниманието ми го привлекуваат жени кои се елегантни и кои до најмал детаљ внимаваат на својот изглед. Мене пак од друга страна, освен кога станува збор за посебна прилика, многу ми е битно да се чувствувам комфорно и по цена на тоа да не внимавам на финесите. Тоа што повеќе ми значи е да живеам и да изгледам здраво. Сакам да внимавам на исхраната, да бидам физички активна, да се грижам за кожата на лицето, косата, да користам квалитетна козметика – тоа е мојот стил. Омилени парчиња облека ми се тие што најтазе сум си ги купила, и оние што допрва ќе си ги купам :)

DSC_0037a

Што ти дава самодоверба? Што те плаши приватно и професионално?

-Моето искуство ми кажува дека чувството на самодоверба е прилично нестабилно и осетливо на промена, па не е секогаш најдобар избор да се потпреме на него за нешто да направиме, преземеме или пак да си дозволиме да бидеме радосни. Посигурно е човек да преземе одговорност, да биде проактивен, да делува, а со тоа ќе почувствува и зголемена самодоверба.

Ме плаши она што не ми е познато, но радосна сум што ретко ми се појавуваат стравови кои просто ме смрзнуваат односно инхибираат да превземам некаков чекор.

Што сèуште стои на твојата to-do-list?

-Со оглед на тоа дека Воланд (Сатаната) од романот „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков би му се инзасмеал на нечиј to-do-list велејќи дека човекот е лишен од можноста да направи план за некој пристојно краток период, па дури и до утре, алудирајќи на тоа дека текот на нештата не зависат само од нас, би рекла дека знам бар кои ми се приоритетите. На прво место ми е сопругот, благосостојбата на нашата заедница, како и онаа на мојата фамилија. Понатака секако работата врз себе, во секоја смисла, тоа е отворен процес кој нема крај :).

Модел// Драгана Лошкова

Облека// Marella

Фотографија// Александра Костадиновска

Шминка// Васе Доковски ( Beauty Hub 202 )

Коса// Даниел Артевски ( Beauty Hub 202 )

DSC_0205a

 

DSC_0054a

DSC_0115a

DSC_9921a

DSC_9932a

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics