• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

МАГНЕТИК СО МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРКИ Симона Спировска – талентирана актерка и храбра активистка

Од stylist @StylistMKD · На декември 18, 2018

simona spirovska (5)

Актерката Симона Спировска позира во модели на „Марела“ во новата фотосесија на групацијата „Магнетик“. Таа е препознатлива по своите улоги во театар и на филм, но и по политичкиот активизам, и смета дека театарот и активизмот се поврзани.

 Моментално си вработена во театарот за деца и младинци. На што те научи ова искуство?

-ТДМ ме научи како да се биде дел од ансамбл, а притоа да не си ја изгубиш и закопаш искреноста. Ме научи како да се борам за претставите во кои верувам. Ме научи дека повозрасните колеги треба да бидат тука за да те заштитат. Ме научи како да растам низ претставите кои ги играм.

simona spirovska (2)

Која ти е неостварена улога? Која од досегашните улоги те прави посебно горда на она што го работиш? Што би направила за да ја добиеш улогата која ја сакаш?

-Немам неостварена улога зашто верувам дека допрва ќе творам па ќе има и време и можност да ми се случат оние со кои ќе си се препознаеме.  Се гордеам со улогите кои ми носат радост кога ги играм. Улогите во претставите на Артопија („Да го поздравиш и да ми го бациш“, „Експеримент“ и „Ужегнатост“), Зоха од „Нашиот клас“, Селма, Еј Ти од „Оливер Твист“, една Разбојничка, мојата магистерска Саломе која се почесто ја мислам, па можеби еден ден пак ќе си се сретнеме, Говинда и секако последната на која уште работам

Актерка си и активист. Што значи за тебе активизмот?

-За мене активизмот значи свесност за местото и времето во кое живеам со сите негови недостатоци. Значи потреба да се бориш и за себе, но и за оние кои немаат глас. Значи да бидеш човек. Театарот и активизмот се поврзани. Всушност вистинската уметност и активизмот се неразделно врзани.

simona spirovska (3)

Работеше и на претсава во Италија. Дали би си заминала од Македонија и би останала да работиш во странство?

-Еднаш не заминав, зашто ми требаше да сум тука. Ми се чинеше дека ми е обврска да останам тука и да се борам. Сега не знам што би направила. Можеби повторно би останала.

Дел си и од репертоарот на Артопија. Кажи ни нешто повеќе за Артопија?

-Дел сум од здружението Артопија и се разбира играм во претставите на Артопија. Артопија е мојата гордост која постои речиси три години. Се роди во една бурна априлска ноќ и како од тогаш да си е предодрена да пркоси. Ѝпосакувам да расте и да остане бунтовна.

Дали преку твојот личен стил и начин на облекување сакаш да пренесеш некоја порака?

-Никогаш не сум размислувала за ова. Секогаш сум се облекувала онака како што во моментот сум се чувствувала. Епа ете веројатно тоа е мојот стил… слобода.

simona spirovska (1)

Што никогаш не би облекла? Мислам дека би облекла сè, зависи од приликата

Кој е твојот омилен тим со кого си работела на претстава?

-Најубаво си е дома, па затоа прво би рекла Артопија, но бидејќи некогаш е здраво да се напушти топлината на „домот“ би можела да кажам дека речиси во секоја претстава имам можност да работам со колеги и другари со кои уживам да сум на сцена. Имало и лоши проекти, но никогаш не сум работела со луѓе со кои не сум сакала да бидам на сцена. И во Италија си го најдов театарскиот дом и овде го имам.

Што би направила за луѓето кои ги сакаш?

-Сè.

Следен проект на кој работиш…

-„Хамлет“ во режија на Милош Андоновски.

simona spirovska (4)

Модел// Симона Спировска

Облека// Марела

Фотографии// Горјан В. Прозус

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

simona spirovska (7)

simona spirovska (6)

simona spirovska (8)

 

MarellaМагнетикмакедонски актериМарелаСимона Спировскафотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics