• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

„Магнетик“ со македонските актерки: Запознајте ја Дарја Ризова – искрена, насмеана и непосредна

Од stylist @StylistMKD · На ноември 20, 2018

dаrja rizova (10)

Модната групација „Магнетик“ направи серија на фотосесии со македонски актерки со впечатлив израз и талент, како и разговори околу нивната професија и пристапот кон модата. За почеток да се запознаеме со Дарја Ризова која откри која претстава ја работи во моментов, но и што никогаш не би облекла. Дарја позира во креации на Marella, еден од брендовите од портдолиото на „Магнетик“.

Моментално работиш во Македонски народен театар. На што те научи ова искуство?

-Седум години сум вработена во МНТ, мојата матична куќа. Самата работа тука ме научи на  радоста, среќата, задоволствата и поминатите часови на проба. Остварување на сонот за мене е можноста да соработувам со плејада на актери и режисери и заедно со нив да ја делам сцената, а за искуството би одговорила за неколку децении.

dаrja rizova (8)

Дали се гледаш себе како филмска актерка во иднина? Што е тоа што би можело да те купи да одбереш филм пред театарска претстава? Дали имаш план во иднина да играш во филм?

-Досега немав можност да работам на филм. Мене во животот ме води и ме мотивира предизвикот. Сигурна сум дека ќе имам можност да одговорам на предизвикот наречен филм со истата љубов што ја имам за театарот.

Кога би можела да одбереш едно место каде би играла претстава каде би било тоа?

-„Празен простор. Никаков декор. Директен поглед кон езерото и хоризонтот. Претставата почнува во осум и пол кога ќе излезе месечината“. „Галеб“ Чехов.

dаrja rizova (13)

Дали ликовите кои ги играш во претставите те менуваат тебе во твојот живот?

-Секој лик е нова љубов. Со него растам, созревам, учам да одам, плачам, се смеам, ме отфрла – го отфрлам, пар – непар, дишеме заедно.

Како изгледа еден ден твој кога се подготвуваш за премиера?

-Не го чувствувам уморот дека е умор. Чоколадо, кафе, Coca Cola и пеперутки во стомак.

dаrja rizova (9)

Дали мислиш дека твојот стил на облекување и парчињата кои ги носиш те дефинираат тебе и твојот карактер?

-Жените кои јас ги познавам и имаат според мене совршен стил на облекување најчесто ми делуваат како парчињата облека да им се сраснати на телото, се лелеат заедно со нив. Нивниот стил се изразува преку говорот на телото, нивните гестикулации, се она што ни доаѓа природно. Парчињата облека кои ги носат се само совршен крај на таа една целосна слика.

Кога одбирам облека не размислувам за неа премногу. Без разлика дали купувам нови парчиња или се подготвувам за излегување. Пригодата секогаш го диктира изборот. Најважно ми е да се чувствувам пријатно и да сум своја. Па, затоа и мојот одговор е да, парчињата кои ги одбирам ја отсликуваат Дарја.

dаrja rizova (11)

„Никогаш не би облекла парче кое открива премногу гола кожа. Не само што не би се чувствувала пријатно, туку и би се изгубила мистеријата која секоја жена треба да ја има“

Слушнавме дека спремаш нова претстава од Чехов. Раскажи ни повеќе за овој проект и за ликот кој го играш?

-Работиме на „Галеб“ од Чехов во режија на Нина Николиќ. Улогата на Нина Заречна е сон на секоја актерка и еден од бисерите во светската драматургија. Лик кој зборува за професијата, за љубовта, за слободата. Лик кој не дозволува да потпадне под стегите и конвенциите на општеството. Сама го носи својот крст и верува во себе. Но, сепак е свесна за жртвата која е потребна во животот за да успееш да се избориш за она во кое веруваш.

Навистина уживам во процесот, заедно истражуваме и откриваме нови нешта. Верувам дека „Галебот” ќе полета.

dаrja rizova (14)

Модел// Дарја Ризова

Облека// Марела

Фотографии// Горјан В. Прозус

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

dаrja rizova (15)

dаrja rizova (7)

 

MarellaДарја РизоваМагнетикмакедонски актериМарела
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics