• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Магнетик со македонските актерки: Талентираната Наташа Петровиќ позира во креации на Marella

Од stylist @StylistMKD · На декември 12, 2018

magnetik natasa petrovic (7)

Талентирана и самоуверена, успешна дома и на меѓународната сцена, актерката Наташа Петровиќ плени и со својата убавина и харизма. Ја гледавме во повеќе домашни и странски филмови, но театарот во моментов го смета за своето најсигурно место. За својата професија, карактер и за модните навики Наташа зборува во новиот дел од серијалот на групацијата Магнетик со македонските актерки, а во заедничката фоосесија таа позира во креации на брендот Marella.

Моментално си вработена во театарот за деца и младинци. На што те научи ова искуство?

Во театарот за деца и младинци работам веќе 5 години. И покрај турбулентните промени со кои се соочивме во институцијава изминатиов период, среќна сум што можам да кажам дека низ годиниве си ја имам потврдено љубовта кон професијата. Ја почувствував јасно во себе борбеноста и потребата да го заштитам и зачувам чувството што ме радува како дете кога сум на сцена и потребата да создавам нешто што ќе има импакт врз едукативниот развој пред се на младат публика. Но, исто така и ќе им понуди на повозрасната публика квалитетен репертоар. Ме научи дека искреноста на сцена што ја даваш ти се враќа во иста мера од другата стана. Бидејќи за мене театарот е примопредавање на емоции не само со колегите на сцена, туку и со публиката која одвоила неколку саати во денот за да дојде во театар и да гледа. 

magnetik natasa petrovic (3)

Те знаеме по многу филмски улоги. Имаш добиено и престижни награди. Дали за тебе има разлика работата пред камера со работата на театарска сцена?

Има разлика во начинот на кој се игра пред камера и на сцена. Сцената понекогаш бара поголеми движења и поинтензивен говор како би можеле да те видат и слушнат и во последните редови од гледалиштето а играта пред камера бара суптилност, искреност и природност што би се рекло – како и во животот.

Во која уметничка форма се пронаѓаш?

Театарот како изведувачка уметност е моето најсигурно место во моментов. Но, тоа не ме спречува во слободно време да ги тестирам и моите аматерски способности во областа на сликарстово како форма на визуелна уметност.

magnetik natasa petrovic (2)

Зборуваш течно неколку јазика, убаво пееш. Кој е талентот кој не го поседуваш, а би сакала?

Отсекогаш посакував да имав акробатско тело и да можам да изведувам акробатски вештини.

Како изгледа подготовката за кастинг?

Сите имаме различен метод на подготовки без разлика дали станува збор за работа на лик за театарски или филмски проект или пак станува збор за кастинг за истите. Она што јас сметам дек е важно да се покаже на кастинг или аудиција е мојот сензибилитет, темперамент и читање на сцената. Се разбира во зададените рамки или насоки доколку веќе ги имаат зададено, па токму поради тоа претпочитам да не се појавувам со спремна улога и да не работам премногу на утврдување на ликот како за на премиера туку да воспоставам свој личен однос кон ликот за кој сум повикана и да бидам отворена на истиот да имплементирам промени доколку од мене биде побарано на денот на аудицијата.

magnetik natasa petrovic (11)

Наташа никогаш не би облекла бели чизми и маичка со голо меше

На театарската сцена и на фимската сцена, секој лик кој го играш е дефиниран и од костумите кои му се доделени. Кое парче облека или комбинација мислиш дека ја дефинира Наташа?

Во театар понекогаш велиме дека костимот е пола од ликот бидејќи таму се користи за да го надополни карактерот на ликот како и визуелниот приказ на претставата. Но, лично не мислам дека облеката е таа што ги дефинира луѓето во глобала. Повеќе ја гледам како рефлекс на моментално чувство, емотивна состојба а многу често и економската ситуација. За мене е битно да се чувствувам удобно и своја во било која комбинација што ќе ја направам. Без разлика дали сакам да го потенцирам моменталното расположение или понекогаш сакам да ја скријам со тоа Наташа од другите.

magnetik natasa petrovic (8)

Кажи ни нешто повеќе за твоите пријатели. Дали влијаат твоите професионални ангажмани на пријателствата?

За жал не би можела да кажам дека поминувам доволно време со моите пријатели: Или дека поминувам онолку време колку што би сакала токму поради брзиот и интензивен професионален живот на периоди. Моите пријатели се најпрекрасните луѓе на светот кој го прават целосен мојот свет. Со сите нивни доблести и ман, секој средба со нив за мене е како еден вид на позитивен енергетски рестарт на денот.

magnetik natasa petrovic (6)

На шопинг најчесто одам сама и со појасна идеја што да купам за моите блиски отколку за себе

Што ти дава самодоверба?

Неизмерната поддршка и љубов што ја добивам од моите блиски ми дава самодоверба и храброст да се справам со сите предизвици што ми ги носи секојдневието.

Што те плаши приватно и професионално?

Чувството на осаменост е нешто од што најмногу се плашам.

Кажи ни нешто повеќе за твојот следен проект?

Во периодот што следи ќе работам на неколку возбудливи проекти за кои сеуште не би можела јавно да говорам но можам само да кажам дека едвај чекам да го почнам процесот на подготовка за истите.

magnetik natasa petrovic (5)

Модел// Наташа Петровиќ

Облека// Марела

Фотографии// Александра Костадиновска

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

magnetik natasa petrovic (4)

magnetik natasa petrovic (13)

magnetik natasa petrovic (12)

magnetik natasa petrovic (9)

MarellaАлександра КостадиновскаДаниел АртевскиедиторијалМагнетикмакедонски актериНаташа Петровиќ
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

  • TRAILS01` едиторијал

    „Патеки“: Треш-панк естетиката инспирација за новата колекција на дизајнерот Христијан Младеновски

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics