Во последно време децата на познатите го освојуваат светот на модата и добиваат ангажмани како заштитни лица во рекламни кампањи, на Лили Роуз Деп, Габриел Деј Луис, Каја Гербер, Ајрис Лоу им се придружува Маја Турман Хоук, ќерката на славните актери Ума Турман и Итан Хоук. Осумнаесетгодишната Маја ја промовира колекцијата за пролет-лето 2017 на британскиот бренд All Saints, каде што директор на дизајн е македонскиот креатор Горан Пејкоски.
Кампањата со Маја е снимена во Вудсток, Њујорк, се состои од серија на фотографии и од краток филм Far From Here, и е прикажана како алтернатива на модната недела во Њујорк. Модниот бренд смета дека Маја е паметна и кул девојка која што зрачи со ентизујазам за нови идеи, и ја претстави како трча низ идиличниот селски пејсаж во нејзиниот роден Вудсток. Ова е прв манекенски ангажман на Маја, која што во моментов студира за престижната школа Џилијард и планира да биде актерка како и родителите.
Нема коментари