Провокативната пејачка Мајли Сајрус во неколку наврати ни покажа дека не е срамежлива и без проблем го открива телото, што може да се забележи и од новата фотосесија направена за насловната и главниот едиторијал во мартовскиот број на магазинот W. Фотографиите се на Мерт и Маркус, има и интервју со Мајли кое го направи Ронан Фароу, синот на Миа Фароу, а во него пејачката зборува за своите родители, за негативниот публицитет поврзан со нејзината престојна турнеја, за контроверзиите што ги предизвикува со нагласениот сексапил, а вели дека баш и’ е гајле дали нејзиниот нов албум ќе се продава, таа ионака има многу пари!
Нема коментари