Ема Стоун пред неколку дена во Лондон ја доби наградата БАФТА за најдобра актерка за улогата во „Ла ла ленд“, на настанот се појави во прекрасен светкав фустан облечен врз тесни панталони од истиот материјал, креација од колекцијата на висока мода на „Шанел“. Ема изгледаше свечено, но и модерно во оваа креација, но знаете ли како се прават haute couture фустаните и колку часа се вложени за комплетниот изглед токму на оваа креација?! Модното ателје на париската куќа „Шанел“ ги отвори вратите на за да открие дел од мајсторставата што се случуваат таму и информира дека за креацијата на Стоун биле потребни 1.100 работни часа. Овој модел премиерно беше прикажан на couture ревијата за пролет 2017, но „Шанел“ подготви и индивидуализирана креација специјално за Ема. Моделот е направен е од сива органза, и во себе во содржи 18.000 дополнителни елементи вклучувајќи огледални парчиња, апликации во вид на сребрен лист, метални ленти, кристални камчиња и скапоцени мониста. Сите овие елементи се рачно везени, за што неколкумина вработени работеле повеќе од илјада часови.
Нема коментари