• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Промоција на книгата „Македонска традиционална медицина” од Драган Јованов во книжарницата „Литература.мк”

Од stylist @StylistMKD · На јули 3, 2018

makedonska tradicionalna medicina

Новата книга „Македонска традиционална медицина” од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”, ќе биде промовирана денеска (вторник, 3 јули) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк” на улицата „Македонија”.

Изданието содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

– Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје. Во „Македонска традиционална медицина” е поместена богата листа на лековити билки и традиционални препарати. Меѓу нив има и лековити билни препарати од моите предци и од мојата фамилија, како и од моето децениско усовршување и работа во областа. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција. Медицината базирана на билки треба да се сфаќа како грижа за себеси. Таа ни овозможува разбирање за поврзаноста помеѓу нас самите, нашата околина и другите. Книгата ја работев неколку години во однос за собирање податоци и записи за историскиот дел за тоа како се лекувале Македонците низ историјата – истакнува авторот на книгата, Драган Јованов.

Книгата „Македонска традиционална медицина” е поделена на три дела. Првиот дел е историски, со податоци како се лекувале Македонците во минатото на традиционален начин. Вториот дел е посветен на лековити растенија, а третиот на традиционални билни рецепти. Пораката е да се вратиме на дарот што ни го дала природата, за да го зачуваме нашето здравје.

Авторот Драган Јованов е роден во 1986 година во Скопје. Магистрирал на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје), а ги привршува и докторските студии на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија. Три години по ред (од 2015 до 2017 година) е добитник на признание за најдобар млад научник во областа на фитомедицината на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија. Работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и низа стручни трудови. Важи за еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам и земјоделски науки и храна. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на Претседателот на Владата на РМ.

Промотор на книгата во „Литература.мк” ќе биде д-р Ненад Златановиќ.

За првите 50 купени книги на промоцијата ќе следуваат и подароци – еколошки пакетчиња од „ГОЕ Европа” и брендирани чаеви од авторот. На крајот од настанот Јованов ќе потпише примероци од „Македонска традиционална медицина”.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics