• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Македонски модни блогерки во улога на стилисти и модели на моден перформанс на Le Brand

Од Катерина Трајановска · На октомври 13, 2014
Lili i blogerkite (1)

Лили Кадинска во друштво на модните блогерки кои што учествуваа на нејзиниот перформанс (Фото: Stylist.mk)

Соработката меѓу модните дизајнери и блогерите е познат концепт во светската мода, што во саботата го примени битолската креаторка Лили Кадинска од Le Brand која повика пет модни блогерки да стилизираат комбинации со нејзини креации на необичен моден перформанс што се одржа во концептуалната продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“. Во проектот на дизајнерката учествуваа Ива и Сандра од Skopje Casual, Александра Спасеска од Aleksandra Vezilka, Илина Драгославска од Dihmension Magazine и Мери Поповска од Македонски моден блог.

-Мислам дека поминавме едно убаво и интересно попладне во просторот на Lotus Design Store, дружејќи се и презентирајќи ги парчињата на Le Brand за есен-зима 2014/15. Секоја од блогерките на свој начин ги претстави моделите во согласност со стилот кој го негува. Ова ни беше прва ваква соработка и може да биде поттик за понатамошни заеднички проекти. Сметам дека секој моден настан и секоја соработка меѓу луѓето инволвирани во македонската модна сцена секогаш е една скала погоре кон модното освестување, а со самото тоа и конзумирање на домашниот дизајн – ни рече дизајнерката Лили Кадинска.

lotus (3)

Александра, Ива, Сандра, Илина и Мери по свој избор избраа креации од Le Brand и ги комплетираа со свои модни парчиња и додатоци. Избраа фустани со необичен крој, здолништа и панталони, а покрај тоа што ја имаа улогата на стилисти, тие позираа и како модели на настанот во Ludus Design Store.

aleksandra

Александра

-Ова беше прекрасно искуство и според мене голем чекор за македонската мода. И претходно имам соработувано со македонски и регионални дизајнери и на облека и накит за јавни настани и за потребите на мојот блог, но ова беше прво искуство од ваков формат, модните блогери да бидат во улога на модели и да покажат како ги комбинираат дизајнерските парчиња во нивниот личен стил. Секогаш велам дека модата го наоѓа својот најпотполн израз на улица, во контекст на животот. Ја поздравувам ваквата идеја на Кадинска и се надевам дека ќе имаме уште многу соработки. Перформансот со колешките блогерки беше пред сѐ забавен и се израдував на реакциите на присутните -  ни изјави Александра од Aleksandra Vezilka.

skopje casual

Ива и Сандра

-Ja прифативме понудата на Лили да бидеме дел од модниот перформанс на Le Brand бидејќи овој начин на претставување на нејзината колекција во голема мера се поклопува со она што сакаме да го пренесеме преку Skopjе Casual – секое парче гардероба може да го најде своето место во лежерна комбинација и повторно да изгледа модерно и убаво за секоја прилика. Во склоп на перформансот имавме навистина интересен предизвик на моделите на Le Brand да им додадеме лежерен допир, комбиниравме виолетово здолниште со дезенирани хулахопки, бела машка кошула и ниски чизми, како и широки панталони со crop top и патики – велат Ива и Сандра од Skopje Casual.

Во проектот се вклучија и Ирина и Мери, кои ги водат блоговите Dihmension Magazine и Македонски моден блогкои претставија по два стајлинга со креации на Кадинска.

ilina

Илина

-Се согласив да учествувам на настанот бидејќи мислам дека претставува одлична основа за идни соработки помеѓу модните блогери во Македонија и дизајнерите. Ова е прва соработка од ваков вид и навистина ми беше чест и задоволство да бидам дел од истата. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште настани слични на овој. Голема благодарност до Лили Кадинска и нејзината неверојатна колекција за Le Brandи за тоа што не повика да бидеме дел од овој настан – ни рече Илина.

meri

Мери

-Модниот перформанс на Le Brand и учеството во проектот е од исклучителна важност за нас блогерите, воедно и за македонски моден свет. Потребен е поттик за понатамошна соработка и Лили Кадинска го направи токму тоа, па се разбира со задоволство се согласив.Секое парче од колекцијата која имавме можност да ја носиме, има засебна убавина, но оние кои ги одбрав верувам најдобро го отсликаа и мојот личен стил, како и претходни комбинации. Спој на претежно темни нијанси со металик детали и чисти јасни линии е мој вечен фаворит кој може да се изнесе на елегантен начин, или со tomboy допир како во мојот случај. Овојпат додадов масивен ѓердан и кожена јакна кои се совпаднаа со начинот на кој се носам и сликата која ми ја остави самата колекција – вели Мери.

Lili i blogerkite (2)

blogerki

ilina i aleksandra

meri ilina aleksandra

ana vasileva

meri2

blogerki2

le brend vo lotus (1)

sandra

aleksandra2

iva

lotus (2)

Aleksandra VezilkaDihmension MagazineLe BrandLotus Design Storeskopje casualАлександра Спасескаесен-зима 2014/15Илина ДрагославскаЛили Кадинскамакедонски блогеримакедонски дизајнериМакедонски моден блогМери Поповскамоден перформансмодни блогери
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ?????????????????????????? моден монитор

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics