Знаеме дека шминката и козметичките производи треба да се чуваат на ладно и темно место, нели? Така ја задржуваат свежината, се избегнува развивањето на бактери и со тоа се продолжува нивниот ефект и долготрајност. Многу често, тоа ладно место е нашиот обичен ладилник во кој може да се чуваат парфеми, креми, серуми, а особено ладно сакаат кремите за околу очи и маските кои е препорачливо да се употребуваат ладни, бидејќи така ја раздвижуваат циркуацијата и ја намалуваат потеченоста на лицето.
Но, вистинско решение за вашите козметички производи е наменско фрижидерче и токму таков бјути гаџет е актуелен периодов. Мини фрижидерот за шминка и козметика можете да го поставите каде што сакате во домот, веројатно најдобро на вашето козметичкото биро, а поради димензијата може да го понесете со себе на некое патување. На почетокот на годината најпопуларен беше Makeup Fridge, производ на мала американска компанија лансиран минатиот месец и веќе е распродаден. Чини 80 долари и во моментов има листа на чекање. На Интернет можете да пронајдете и други верзии на овој гаџет.
View this post on InstagramA post shared by Mini Fridges For Your Bathroom (@beautyfridges) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари