Навикнати на скопските жештини во јуни и изненадени од студеното време нетипично за овој период, се обидуваме да ја прилагодиме летната облека во овие променливи денови. Макси фустаните се една добра идеја – повикуваат на летниот стил, а делумно стоплуваат. Има комбинации за вечерни излегувања, но и за секојдневни пригоди и за музички фестивали на отворено. Најчесто забележуваме модели со шари и во јаки бои. По потреба се комбинираат со сако или јакна.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари