Згоден на тато, позер на мама, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се појави на насловната страница нa магазинот Man About Town. Петнаесет годишниот Бруклин му позираше на Алистер Меклелан, познат моден фотограф и „пријател на семејството“ кој веќе ги фотографираше мајка му за британски Vogue и татко му за Fantastic Man. Ова е првпат тинејџерот да се појави во официјална модна фотосесија, фотографиите се направени преку еден викенд во присуство на неговите родители, а на нив Бруклин многу потсетува на холивудската легенда Џејмс Дин. Облечен е во креации на Ралф Лорен, Сен Лоран и Supreme. Магазинот Man About Town излегува двапати годишно и ги таргетира „деловните и урбаните мажи кои се интересираат за култура“. Бруклин го следи помалиот брат во манекенските води. Лани 11-годишниот Ромео позираше како заштитно лице на „Бурбери“.
Нема коментари