Популарниот шпански моден бренд Mango оваа година како спонзор на еден од најпознатите светски музички фестивали, Primavera Sound во Барселона, отвори свој простор наречен Mango House во кој за време на фестивалот се одржуваа разни настани од областа на модата, музиката, забавата и иновациите. Исто така еден од главните стејџови го доби името на модниот бренд. Со оваа иницијатива Mango сака да ги зајакне врските со музичката култура, да оствари импакт со нова публика и да ја зголеми свесноста за брендот.
Еден од настаните беше забавата во Mango Hоuse на која се појавија вљубеници во модата и музиката, меѓу кои и Алма Ходоровски и Дарија Малигина. Погледнете како изгледаше атмосферата и уличната мода на забавата.
Нема коментари