Шпанскиот моден бренд Манго претстави капсулна колекција на маици и торбa за да го одбележи Меѓународниот ден на жената, 8 март, колекција преку која се искажува силата и моќта на женскиот талент. На два вида маици, платнена торба и еден машки модел насликани и испишани се мотиви на калифорниската сликарка Торин Аштун и песни на шпанската писателка Летиција Сала. Модниот бренд ќе донира 100 отсто од профитот од оваа линија на Mundo Cooperante, шпанска невладина организација која обезбедува поддршка за четири социјални организации во Бангладеш, Индија, Пакистан и Етиопија и промовира образование на девојки од ранливи групи.
Нема коментари