Дизајнерот Марк Џејкобс во соработка со „Дизни“ во својата втора линија Marc by Marc Jacobs ја претставува капсулната колекција I am not Like Other Girls инспирирана од една од најубавите бајки „Алиса во земјата на чудата“. Колекцијата сoдржи ранци, очила, чанти, футроли за телефон, дуксери со мотиви од приказната на Луис Керол и од Дизниевиот класичен цртан филм. Џејкобовата верзија на земјата на чудата веќе почна да се продава, а наскоро и „Дизни“ ќе го објави новиот филм за Алиса „Alice Through the Looking Glass“. Според Марк колекцијата ја слави потрагата за индивидуалност, а Алиса е токму таква – малку поинаква девојка од бајките.
Нема коментари