Шпанката Марта Ортега се венча викендов во извонредна елегантна и префинета венчаница со потпис на „Валентино“, и покажа дека едноставниот изглед понекогаш е повеќе ефектен од традиционалните и раскошни венчални фустани со предимензиониран форми и безброј светки. Марта доаѓа од богата шпанска фамилија со капитал во модата, а се венча со Карлос Торетa, син на модниот креатор Роберто Торетa.
За својата венчавка Марта избра децентна и минималситичка креација со еднставен крој на Пјерпаоло Пачоли за „Валентино“. Дизајнерот вели дека фустанот е наменет за карактерот на Марта – таа е едноставна, но впечатлива, не слугува на трендовите, но е секогаш изразено модерна.
Јасно е дека венчаницата е од форматот висока мода и чини одредена сума, но целиот впечаток е дека во споредба со богатството што го поседува семејството, Марта одбрала поскромна свадба, следејќи го животниот стил на нејзиниот татко Амансио Ортега, таинстевниот милијардер кој е шестиот најбогат човек во светот и сопственик на „Зара“ и другите модни брендови од групацијата Inditex (Massimo Dutti, Bershka, Pull&Bear, Stradivarius, Uterqüe…).
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари