Македонскиот манекен Мартин Митковски неодамна беше дел од српскиот Fashion week кој се одржа во април годинава во Нови Сад. Мартин тогаш настапи во проектот Pop Art Heroes на српскиот стилист Срѓан Швељо, а дел од колекцијата најде соодветно место во модниот магазин Huf. Нашиот модел Мартин беше поканет да биде дел од овој едиторијал во соработка целиот тим од Fashion Week – Serbia. Веќе две сезони по ред Митковски ја продолжува соработката со тимот. Инаку Мартин е дел од модната агенција „Моделс ИН“, и како негова матична агенција верува дека ја има нивната поддршка во градењето на неговата интернационална кариера.
Нема коментари